Ријана се извини за несоодветната употреба на исламскиот Хадис во нејзината ревија за долна облека

Instagram
instagram

Пејчаката Ријана се извини откако муслиманските обожаватели ја „осудија“ за несоодветната употреба на исламскиот Хадис во нејзината последна ревија за долна облека „Savage X Fenty“.

Таа доби многу критики за користење на песната „Doom“ од артистката Куку Клои, која вклучува муслимански Хадис.

Хадисот е пишан запис за изреките и постапките на пророкот Мухамед и неговите најблиски придружници, авторитетноста на текстот е веднаш после Куранот. Арапскиот стих користен во песната на Клои е дел од Хадис кој се однесува на „судниот ден“.

Instagram

Куку Клои се извини прва, велејќи дека не била свесна дека песната содржи исламски стихови.

Би сакала да ѝ се заблагодарам на муслиманската заедница што укажа на огромниот пропуст што беше ненамерно навредливо во нашето шоу за „Savage x Fenty“. Уште поважно, би сакала да ви се извинам за оваа искрена, а сепак невнимателна грешка. Ние разбираме дека повредивме многу од нашите браќа и сестри муслимани, јас сум неверојатно разочарана од ова!“, изјавила пејачката.

Instagram

Јас не си играм со какво било непочитување кон Бога или која било религија и затоа тврдам дека користењето на песната во нашиот проект беше целосно неодговорно! Ќе се погрижиме вакво нешто никогаш да не се повтори во иднина. Ви благодарам за прошката и разбирањето“, стоеше во писменото извинување на Ријана до јавноста.

Иако модниот бренд „Fentу“ беше пофален за посветеноста на различностите во минатото, деновиве е жестоко критикуван.

Instagram

Исламот не е естетика, религијата не е естетика“, беа дел од „поблагите“ коментари на мислиманските приврзаници.

Но, иако дел од мусиманските обожаватели на Ријана го прифатија нејзиното извинување, голем дел од нив сметаат дека на големите брендови и модната индустрија им се потребни повеќе муслимани за да се избегнат вакви непријатни ситуации во иднина.

Многу модни блогери беа разочарани од настанот пред јавното извинување на Ријана, велејќи дека користењето на Хадисот во песна на која полуголи жени танцуваат во долна облека е навистина навредливо за Исламот кој важи за многу скромна религија.

Instagram

Сега се поставува прашањето дали по овој инцидент модниот брендот „Fenty“ ќе „изгуби“ дел од своите постојани клиенти и што ќе се случува понатаму.

Како Ријана ги разлути муслиманите? Да се користат свети исламски стихови во ревија за долна облека е недопустливо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот