Ријана ја најави новата колекција на долна облека за Денот на вљубените (18+)

Instagram

Иако можеби обожавателите на пејачката Ријана со нетрпение очекуваат да ја видат со некое ново музичко остварување, тие сепак не останаа незадоволни.

Оваа недела, Ријана ја рекламираше специјалната кампања за Денот на вљубените за нејзината линија за долна облека „Savage X Fenty“. Секако таа повторно е во главна улога на модел за специјалната колекција, позирајќи само во црвена долна облека, латекс и блескави дијаманти и рубини.

Instagram
Instagram

Таа за потребите на снимањето, носеше два ѓердани од „Hammerman“ во вредност од над 2 милиони американски долари, пишува „Page Six“.

За да го комплетира изгледот, ѕвездата носи прстени „Art Deco“ и нараквици од „Lang Antiques“ во вкупна вредност од 130.000 американски долари.

Instagram
Instagram

Кратко откако ја објави новата кампања на „Savage X Fenty“, Ријана сподели дека ќе соработува со врвната уметница Лорна Симпсон за магазинот „Essence“, насловена како „Од Земјата и небото“.

Ријана и Симпсон соработуваа на серија оригинални фотографски колажи за насловната страница на списанието и портфолио на 12 страници.

Instagram

Лорна е легенда… Искрено, мислев дека не можам да ја добијам… Но, сакам да посегнувам по ѕвездите и сакам предизвици“, изјави Ријана за „Essence“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот