Ријана изгледа фантастично во секоја форма (ФОТО)

instagram

Мегапопуларната Ријана дефинитвно важи за личност која одамна докажува дека убавината доаѓа во секоја форма, како и дека да накачиш килограми е сосема нормална појава и тоа не значи дека повеќе не си атрактивна личност.

На една од последните објави на инста-профилот @savagexfenty, (инаку бренд за долна облека на Ријана), пејачката позира со кратка виолетова перика на главата, баш како и бојата на нејзината долна облека. За изгледот да биде уште повпечатлив, надополнет е со високи, сензуални чорапи. На крајот, широката насмевка навистина ја прави фотографијата перфектна.

Најновата фотографија на Ријана освен што ги израдува нејзините фанови, тие истовремено беа и изненадени поради тетоважата на нејзиниот задник, иако на фотографијата не се гледа во целост.

Ријана доби бројни коментари за нејзиниот изглед, а за помалку од 24 часа фотографијата и ја лајкнаа околу 5 милиони луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот