Ригорозни правила на Ролан Гарос поради коронавирусот
Организаторот на грен слем турнирот ги објави правилата кои учениците ќе мора да ги почитуваат за да им биде дозволен настап на турнирот во Париз.
Францускиот весник „Лекип“ ги објави правилата кои организаторот на последниот грен слем турнир годинава кои имаат за цел да спречат ширење на коронавирусот.
Тенисерите и тенисерките кои ќе играат во квалификациите, во Париз ќе мора да пристигнат четири дена пред својот прв настап додека тие што ќе се веќе во главниот жреп ќе треба да пристигнат три дена порано, а единствен исклучок е направен за играчите кои за тоа време ќе играат на други АТП или ВТА турнири.
Доколку тенисерот или тенисерката се од земја која не е во Шенген зоната ќе мора да имаат специјална дозвола и негативен ПЦР тест.
Сите тенисери и тенисерки и членовите на нивните тимови ќе бидат тестирани по пристигнувањето во хотелите и тоа на места кои ќе бидат специјално предвидени за тестови.
Тие ќе мора да останат во своите соби се додека не добијат потврда дека се негативни, а за 24 часа колку што мора да бидат во собите ќе добијат ваучери од 120 евра за оброци. Вториот тест ќе биде направен 48 часа по првиот. Организаторот донесе правило дека не секој учесник на Ролан Гарос мора да има два негативни теста пред првиот дуел.
Доколку некој биде позитивен на коронавирус, ќе мора да помине 14 дена во изолација и ќе заработи дисквалификација, а од турнирот ќе бидат отстранети и лицата кои ја делат собата со заразената личност.
Доколку некој од тимовите биде позитивен тогаш тенисерот повторно ќе се тестира и доколку биде негативен и не ја делел собата со заразената личност, ќе добие дозвола да настапува на Ролан Гарос.
Сите учесници на Ролан Гарос ќе мора постојано да ги носат маските освен кога се на тренинзи и појадуваат, а постојано на себе мора да ги имаат и акредитациите.
Кога ќе имаат слободен ден, учесниците нема да смеат да тренираат на комплексот каде се игра Ролан Гарос туку на терени кои се предвидени за тоа.
Стартот на Ролан Гарос е закажан за 27 септември, а квалификациите ќе започнат на 21 септември. Титулата во машка конкуреција ќе ја брани Рафаел Надал, додека кај дамите Ешли Барти одлучи да не настапи оваа година и да остане во Австралија.