Ригорозни казни за прекршување на карантинот во Формула 1: Затвор или 15.000 евра

twitter.com/F1

Унгарската влада одреди посебни казни за возачите или било кој вработен во Формула 1 доколку ги прекршат правилата за карантин пред трката која треба да се одржи наредниот викенд.

На британските државјани како и на останатите членови на Формула1 екипите кои немаат пасоши од Европската унија им е порачано дека од доаѓањето во Унгарија тие мораат да бидат или на патеката или во своите хотели и секој што ќе ги прекрши правилата ќе биде казнет со 15.000 евра или со затворска казна.

Исто така се наведува дека сите ќе мораат да се хранат или на патеката или во своите хотели, а користењето најавниот превоз или такси возилата им е забранет.

Овие наредби од унгарската влада може да погодат поголем број на вработени во екипите бидејќи седиштето на седум Ф1 тима е токму во Велика Британија.

Наредбата ќе се однесува и за голем број возачи, Британците Хамилтон, Норис и Расел, Тајланѓанецот Албон, Мексиканецот Перез, Канаѓаните Строл и Латифи, Австралијанецот Рикиардо, Русинот Квјат и Леклер кој е од Монте Карло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот