Ричард Гир во 71-та година повторно стана татко: Го доби вториот син со 33-години помладата Алехандра

Profimedia

Ричард Гир уште еднаш стана татко и тоа на 71-годишна возраст. Неговата сопруга, шпанската активистка Алехандра Силва, која има 37 години, му роди уште еден син.

Алехандра се породила во тајност, а ова е вториот син што му го роди на глумецот.

И Ричард и неговата сопруга веќе имаат деца од претходните бракови. Гир го има 20-годишниот Хомер од бракот со Кери Ловел, а Алехандра 7-годишниот Алберт.

Ричард и Алехандра се венчаа во 2018 година на ранчот на глумецот во Њујорк, каде што и сега се во изолација поради коронавирусот.

„Се чувствувам како да сум во вистинска бајка. Без сомнение, се чувствувам како најсреќната жена на светот“, изјави претходно сопругата на Гир.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот