Ричард Бренсон веќе 50 години прави една иста работа: Поради оваа причина станав милијардер!

Ричард Брансон (70), основач на деловната група Вирџин, која денес брои околу 400 компании, е еден од најбогатите луѓе во светот.

Неговиот прв деловен потфат се случил кога имал само 16 години, кога го основал магазинот Студент. Во тоа време, тој бил само млад човек кој сака да стане претприемач и да заработи доволно пари за нормален живот, а денес е познат инвеститор и деловен тајкун, чие богатство се проценува на 4,4 милијарди долари.

Instagram

Богатството на Бренсон постојано се зголемува и се чини како да е шега за него. Сепак, тој има и свои тајни, за кои верува дека му помогнале да стане ова што е денес, и кои решил да ги сподели со светот.

„Не е важно во која земја сум, јас секогаш станувам околу 5 часот наутро. На тој начин можам да вежбам и да поминам извесно време со моето семејство, што ме исполнува со позитивна енергија пред да започнам со работа“, вели Брансон, кој практикува будење во 5 часот наутро повеќе од 50 години.

Но, како тоа му помогна да ги постигне своите цели?

Instgram

Тој реши да објасни:

1. Размислете во тишина и планирајте

Деловните резултати се значително подобри и попродуктивни доколку луѓето имаат време да ги разгледаат сите приоритети и да направат план. Тивките рани утрински часови, Брансон ги користи токму за тоа.

„Станувањето во 5 ми дава време да поставам приоритети и да направам добар дневен распоред. Мислам дека еден час пред спиење за кој многу се зборува е одлично време да ги прочитам новостите или да одговориме на некои е-пошта, а не да правам план за утре“, посочува милијардерот.

2. Одржувајте страст

Страста влијае и на продуктивноста, но што ја дефинира самата страст? Без оглед на вашиот одговор, Бренсон верува дека имате повеќе време за хоби ако станете рано.

„Спортот, читањето, комуникацијата и позитивното размислување придонесуваат за подобра активност и концентрација на мозокот. Страста е уште еден важен фактор за одржување на вашиот фокус. Страстите ви даваат енергија и се клучни особено во време кога се донесуваат тешки одлуки“, вели Брансон.

3. Користете го целото време

Ричард Бренсон разбира дека нашето време на овој свет е ограничено и сака да го искористи максимумот за продуктивност и забава, а смета дека долгиот сон е најголемо губење време.

„Треба да живееме секој ден со полни бели дробови. На крајот на краиштата, никогаш нема да го паметиме денот кога спиевме многу – ќе ги паметиме деновите што биле најисполнувачки за нас“, вели Бренсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот