Рибери се враќа во редовите на Баерн Минхен?

Рибери нема да продолжи со Фиорентина/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери ќе се врати во германскиот великан Баерн Минхен, најави Кристијан Фалк, новинар на весникот „Билд“.

Рибери беше играч на Баерн Минхен во периодот од 2007 до 2019 година по што замина во италијанскиот прволигаш Фиорентина.

Но, што се однесува до идната сезона, Рибери не се договори за нова соработка со „виолетовите“, па сега е слободен фудбалер.

Баварците сакаат да го вратат, а и Рибери има желба да се врати во клубот во кој играше извонредно и остави одлични спомени.

Рибери за Баварците одигра 425 меча, даде 124 гола. Тој има настапувано и за Булоњ, Арес, Брест, Мец, Галатасарај и Марсеј. За француската репрезентација има 81 меч и 18 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот