Рибери по 12 години си оди од Баерн Минхен

EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Франк Рибери по 12 години, на крајот од сезоната си заминува од Баерн Минхен. Французинот со Баерн досега освои осум титули во Бундес лигата, пет пати триумфираше во Купот на Германија, а најубавите моменти во кариерата ги доживеа во 2013 година, кога триумфираше во Лигата на шампионите, а подоцна стигна до трофеите во УЕФА Супер Купот и ФИФА Светскиот клупски куп.

Тој досега за Баерн одигра 422 натпревари на кои постигна 123 голови и имаше 183 асистенции.
Франк Рибери дојде во германскиот тим за сума од 25 милиони евра од Олимпик Марсеј, а претходно има настапувано уште и за Мец, Брест, Але и Булоњ.

– Кога пристигнав во Баерн, тоа беше остварување на сонот. Заминувањето воопшто нема да биде лесно, не смееме да заборавиме што направивме сите заедно. Освоивме повеќе од 20 трофеи – изјави Рибери за официјалниот клупски сајт на Баерн.

Со заминување на Рибери, германскиот тим ќе остане без можеби најдобриот тандем на крилни напаѓачи, тандемот „Робери“ кој го сочинуваа, Рибери и Арјен Робен.
Двоецот настапува заедно од 2009 година, а првиот заеднички натпревар го одиграа на 29 август против Мајнц. И Робен идентично на Рибери, најави дека по крајот на сезоната го напушта клубот.

Баерн Минхен планира во текот на 2020 година да организира проштален натпревар.
– Френк и Арјен се големи фудбалери. Баерн многу им должи и наредбната година ќе им организаме емотивно простување со екипата – изјави претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот