РФМ во финансиски „плус“, Суперлигата од следната сезона ќе има 16 екипи

фото: рфм

На денешното Редовно Собрание на Ракометната федерација на Македонија донесена е одлука од следната сезона (2022/2023) машката Суперлига да брои 16 екипи.

Ваквата одлука беше усвоена од страна на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија. Клубовите ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи, во регуларниот дел ќе се игра еднокружно.

Во плеј-офот ќе се најдат најдобрите четири екипи од двете групи, а екипите од петтата до осмата позиција ќе бијат битка за опстанок.

Женската ракометна лига ќе се игра со променет систем, моментно настапуваат 15 клубови. Ќе бидат формирани две групи согласно пласманот сезонава. Ако има нови субјекти, тие ќе бидат во последниот шешир. А доколку има повеќе пријавени клубови, тогаш групите ќе се зголемат.

На денешното Редовно Собрание РФМ информираше дека 2021 година е завршена во финансиски плус, односно приходите на федерацијата се 115.137.311,00 денари, расходниот дел е во износ од 107.436.384,00 денари, а финансискиот плус изнесува 7.700.927,00 денари.

Овој дел се однесува на водење на сите лиги на РФМ, националните репрезентациите, расходите на организацијата на меѓународни и куп натпревари и квалификациски турнири, потоа трошоци за ракометниот турнир во Струга, трошоци за развој на младински ракомет, учество на меѓународни натпревари во сите категории, како и редовните режиски расходи на канцеларијата на РФМ.

Финансиските средства останати од буџетот од 2021 година се искористени за учество на машката сениорска репрезентација на Македонија за Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка, а дел од ќе бидат искористени за следните квалификациски мечеви во 2022 година на машката сениорска репрезентација за учество на Светското првенство во Шведска и Полска 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот