РФМ: В петок ќе се дознаат групите за Супер лигата

фото: рк металург

Извлекувањето на учесниците по групи ќе биде по принцип на полу – бергер систем..

Во системот на натпревари во Супер машката ракометна лига учествуваат вкупно 16 (шестнаесет) екипи.

Во регуларниот дел од првенството Супер лигата ќе започне и ќе биде составена од 14 екипи поделени во две групи по седум екипи, и две екипи (РК Вардар 1961 и РК Еурофарм Пелистер) кои се приклучуваат во разигрувањето за плеј оф.

Извлекувањето на учесниците по групи ќе биде по принцип на полу – бергер систем согласно претходен ранкинг во национален систем на натпревари како следи:

шешир 1: РК Металург, ГРК Охрид
шешир 2: РК Пролет 62, РК Бутел
шешир 3: РК Радовиш, РК Еурофарм Пелистер 2
шешир 4: РК Струга, РК Работнички
шешир 5: РК Астраион Хендбол, ГРК Тиквеш 2014
шешир 6: Голден Арт КЛ-7, РК Прилеп
шешир 7: РК Јуниор Кисела Вода, РК Младост Богданци

Ракометната федерација на Македонија информира дека извлекувањето на групите за Супер Лига – мажи за натпреварувачка сезона 2020/2021 ќе се одржи во петок (24 јули) со почеток во 12:00 часот со LiveStream на youtube каналот на РФМ.

По завршување на регуларниот дел првите три екипи од двете групи заедно со екипите кои настапуваат во Регионалната лига ја формираат Плеј оф групата од осум екипи кои ќе го одредат победникот на првенството и учесниците во ЕХФ куповите и Регионалната лига.

Екипите од четвртото до седмото место од групите А и Б од регуларниот дел ќе ја формираат Плеј аут групата од осум екипи. Второ пласираната екипа во Плеј аут групата ќе игра бараж натпревар со прво пласираната екипа од Првата Машка Лига, победникот од тој натпревар ќе обезбеди учество во Супер Машка Лига во натпреварувачка сезона 2021/2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот