РФМ парично казнета од ЕХФ поради чорапи!

Ракометарите во првото коло на ЕП загубија од Словенија/ фото: РФМ/Петр Стојановски

Ракометната Федерација на Македонија е казнета со 2.000 евра од страна на Европската ракометна федерација поради непочитување на правилата околу опремата на репрезентативците, односно поради чорапите!
Македонија во првото коло на ЕП загуби од Словенија со 25:27, а делегатите во записникот запишаа дека избраниците на Кирил Лазаров немале идентична опрема, односно играчите не носеле иста боја на чорапите.
Ракометарите вечерва од 18 часот го играат натпреварот од второто коло на ЕП против селекцијата на Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот