РФМ ќе ги помага екипите: Федерацијата ќе ги плаќа тестирањата на коронавирус

фото: рфм

Ракометната Федерација на Македонија пред стартот на на новата сезона им излезе во пресрет на клубовите во периодот на финансиска криза поради пандемијата на коронавирусот и одлучи да ја укине котизацијата на претстојната сезона, како и тестирањата на коронавирус да бидат на сметка на Федерација.

Почитувани ,

Ве информираме за следниве одлуки донесени по итност од страна на УО на РФМ :

Се задолжува Комесарот за натпреварување г-дин Славе Николов во кординација со учесниците во системот на натпревари да го моделираат календарот согласно предлогот од медицинскиот партнер 8ми септември за сезона 2020/21 (во прилог дописот од ЈЗУ 8ми септември) ;

Врска задолжителното тестирање на учесниците во системот на натпревари за детекција на вирусот Сарс2 Ковид – 19 согласно протоколот усвоен трошоците за тестирање ќе бидат на товар на РФМ, тестирањето ке се врши во ЈЗУ 8ми септември ;

Обврската која произлегува од протоколот за заштита и превенција (Сл. Весник на РСМ број 208 од 26.08.2020 година) за задолжителна изјава (во прилог – изјава) обврска за секој учесник да ја пополни пред почетокот на националното првенство сезона 2020/21 и да именува ковид-координатор од страна на клубот најдоцна до 03.09.2020 г. и да се достави во електронска форма на [email protected] ;

Согласно дописот добиен од Генерален координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија (во прилог) каде се задолжува РФМ да врши засилени редовни и вонредни надзори за примена и спроведување на протоколот. Именувани се следните лица за надзор :

1. Славе Николов (координатор)
2. Камер Металари
3. Левче Китевски
4. Гино Стрезовски

Се укинува котизацијата за клубовите учесници во Супер Лига за натпреварувачка сезона 2020/21 ;

Се задолжуваат лицата именувани за надзор при РФМ да во координација со ковид – координаторите од клубовите се утврди распоредот за тестирање, тестирањето во прв момент ќе биде во обем согласно капацитетот на ЈЗУ 8ми септември (делегација од 21 член од секој учесник), во текот на натпрeварувањето по насоки од медицинскиот партнер ЈЗУ 8ми септември ќе се вршат дополнителни неделни тестирања .

Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот