РФМ ја исплати наградата за пласман на Европското првенство 2022

Македонија вечерва со натреварот против Словенија ги започнува настапите на ЕП/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Унгарија и Словачка 2022 година.

Македонските репрезентативци во рамките на истиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2022 од страна на УО на РФМ беа наградени и со 20.000 евра за остварената победа против Светскиот и Олимпискиот шампион Данска, односно вкупно 50.000 евра.

Машката ракометна репрезентација на Европското Првенство ќе настапува во Унгарија (Дебрецен) во јануари 2022 година, и ќе се натпреварува во групата „A“ против селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора.

Ова ќе биде седми пласман на македонските машки сениори на Европските Првенства по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018), Австрија (2020).

Да додадеме уште дека селекцијата предводена од Кирил Лазаров ќе одигра два пријателски натпревари против Србија закажани на 19 и 20 јуни. Поширокиот список на играчи за тие дуели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот