РФМ донира финансиска поддршка во борбата против коронавирусот

фото: рфм

Од Ракометната федерација на Македонија информираат дека ќе ги задржат сите административци на своите работни места и нивниот личен доход ќе остане иста.

Раководството на Ракометната Федерација на Македонија одлучи да не ја користи финансиската поддршка за 13 свои вработени во спортската администрација за месеците април и мај 2020 во износ од 14,500 денари по вработен понудена во Уредбата на Владата на Р.С. Македонија од 4 април 2020 година.

РФМ ќе ги задржи на своите работни места сите административци, а при тоа висината на нивниот личен доход, независно од одложувањето на сите ракометни активности, ќе остане иста како во месец февруари 2020 година.

Со оглед на тоа дека тековните ракометни активности за март и април годинава се одложени поради здравствената криза, а за истите Федерацијата веќе имаше резервирано финансиски средства, Управниот одбор на РФМ одлучи тие средства да се донираат.

Износот од 615.000 денари ќе биде уплатен од страна на Ракометната Федерација на Македонија на наменската сметка на Министерството за здравство на Р. С. Македонија за справување со здравствената криза предизвикана од вирусот Covid-19.

Ракометната Федерација на Македонија љубезно апелира до целата македонска јавност да се следат и најодговорно да се почитуваат препораките на Министерството за здравство преку нивните официјални канали на комуникација http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ со цел побрзо да се вратиме на активностите кај нашиот спорт бр. 1: ракометот!

Во оваа прилика, би сакале да упатиме голема благодарност до сите здравствени работници во земјава, до медицинските сестри, хигиеничарите, продавачите на пазарите и во супермаркетите, фармацевтите и техничарите во аптеките, транспортерите, пекарите и сите останати кои во овие специфични услови придонесуваат за непречено опслужувањето на основните потреби на сите домаќинства. Ја користиме оваа прилика и да упатиме искрени желби за добро здравје до сите македонски граѓани – информираат од РФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот