Резултатот не е атрактивен, но целта е исполнета

Фото: РФМ

Данило Брестовац го презеде водењето на репрезентацијата од Раул Гонзалез пред дуелите со Исланд и во четирите квалификациски натпревари, Македонија оствари три победи и едно реми.
Тој е задоволен од прикажаното на неговите избраници во тешките услови во салата „Парк“.

– Тешко реализиравме на почетокот, имавме четири зицери, додека во првото полувреме имавме дури 10 промашени зицери. Мислам дека имавме игра но ни фалеше реализација во првото полувреме но и со така слаба игра успеавме да имаме два гола предност на полувремето. Им честитам на моите момци кои издржаа во еден пеколен ритам, но и ги издржаа тешките услови во салата. Сепак, се работи за млади играчи и мислам дека добро се снајдоа. Знам дека резултатот не е атрактивен, но јас сум презадоволен, ова беше последен наптревар во долгата сезона – вели Брестовац.

Селекторот се одлучи за натпреварот со Грција со репрезентацијата да внесе три нови имиња како би имал поголем избор во ротацијата како за овој натпревар така и за искушенијата на ЕП.

– Повторно ќе мора да направам детална анализа на тоа што се случи во овие четири натпревари на кои јас сум селектор. Јас мислам дека направив се што е во моја моќ и во мое знаење за да победиме на овие четири натпревари. Знам дека е тешко за ротации, тешко е и за играчите да ми се наметнат во така крајот временски период. Ќе барам од РФМ во неделата на ЕХФ или да играме на некој турнир или ние да го организираме. Ни недостасуваат натпревари за да најдеме нови ракометари за ротација. Јас не признавам стари и млади играчи, сите мора да се докажат дека го заслужуваат дресот на репрезентацијата – додада селекторот Брестовац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот