Резултатите покажуваат дека во Косово нема случај на заразени од коронавирус

Националната Институција за Јавно Здравје преку соопштение за медиумите изјави дека во Косово нема случаи на коронавирус. Пациентката за која имаше сомневања дека е заразена од корнавирус, беше тестирана, и резултатите од тестирањето се негативни.

Претходно министерот за здравство, Арбен Витија, рече дека се е во фаза на сомневања и дека случајот е изолиран. Тој рече дека се преземаат сите мерки за евентуална појава на случаи со коронавирус.

– На аеродромот има лекарски тимови. Стратешкиот план е усвоен минатата недела и уште денеска започнавме со средбите и во координација со другите ресори работиме на преземање превентивни мерки, изјави Витија.

Директорката на Инфективната Клиника, Линдита Беришта, изјави дека пациентката е во стабилна состојба. Таа била на неколкудневна посета во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот