РЕЗУЛТАТИТЕ ОДЛУЧИЈА: Хвар е најдобриот остров во Европа

Фото: Профимедиа

Хвар е најдобриот европски остров, а хотелот Амфора е прогласен за еден од најдобрите ресорти во Европа оваа година, велат резултатите од гласањето на читателите на водечкиот светски туристички магазин „Конде Наст Травелер“.

Хотел Амфора е сместен во тивок залив, во непосредна близина на центарот на градот Хвар со поглед на Пеколните острови, што го прави единствениот ресорт на островот Хвар, пренесува Новац.хр.

Порталот додава дека хотелот е препознатлив по својот спектакуларен каскаден базен, идеален е за парови, фамилии, но и за одржување на деловни состаноци, конгреси, конференции и ексклузивни настани.

Во изборот на најдобрите од различни категории, учествувале повеќе од 600.000 читатели на магазинот ширум светот, а се бирале најдобри хотели и ресорти, авиокомпании, вили, спа, аеродроми, крузери, градови и острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот