Резултати од истрагата за смртта на Марадона: Диего умирал сам, во агонија која траела 12 часа
Тажен крај на најдобриот фудбалер на 20. век.
Диего Марадона можел сè уште да живее, е заклучокот на стручниот извештај на лекарскиот тим кој го нарача аргентинското обвинителство. Истрагата за смртта на легендарниот фудбалер е далеку од завршена, но потврдата на најавите дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиеа не бил соодветно лекуван предизвика гнев кај фудбалските фанови во Аргентина.
Експертизата на лекарите покажа дека Диего Марадона бил препуштен сам на себе и дека смртта настапила по продолжената агонија. Лекарите кои се грижеле за неговото здравје го оставиле Диего сам непосредно пред смртта со што го донеле во агонија која траела најмалку 12 часа.
Извештајот на лекарите кој е напишан на дури 70 страници, недвосмислено порачува дека одговорен за смртта на Марадона е неговиот личен лекар, неврохирургот Леополдо Луке.
„Морал да го продолжи лекувањето во соодветна институција, а не да го пушти на домашно лекување. Диего Марадона би имал поголеми шанси да преживее доколку бил болнички лекуван во соодветен центар за нега“, пишува во дел од извештајот на медицинската комисија која била составена од 20 експерти од различни медицински области.
„Бидејќи неговата општа состојба била лоша, гледајќи ја неговата клиничка и клиничко-психијатриска слика, неопходно беше да се продолжи со интердисциплинирано лекување во соодветна институција“, пишува во дел од извештајот кој го објавија медиумите.
Оваа ексертиза доаѓа како резултат на барањето на аргентинското обвинителство да се спроведе детална истрага со која треба да се утврди на можни пропусти во лекувањето на Диего Марадона. Најдобриот аргентински фудбалер на сите времиња почина на 25 ноември 2020 година.
Во истрагата на обвинителството се опфатени неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косачов, психолог, две медицински лица (маж и жена) кои се грижеле за негата на Марадона како и раководителот на медицикските лица и докторот кој го координирал лекувањето во домашни услови.