Резников: Украина почнува нова ера во воздушната одбрана со германскиот систем Ирис-Т

Олексеј Резников/ Фото EPA-EFE/Christine Olsson/TT SWEDEN OUT

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на Твитер објави дека Киев добил германскиот систем за воздушна одбрана Ирис-Т СЛМ, при тоа истакнувајќи дека „започна нова ера во воздушна одбрана”.

– Ирис-Т од Германија се веќе тука. Доаѓаат американски НАСАМС, напиша Резникот на Твитер.

Тој и се заблагодари на германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт за нејзината поддршка за Украина.

Германија првично ќе обезбеди на Киев четири од копнените системи од типот Ирис-Т вредни 140 милиони евра, а обезбедено е финансирање за уште три.

Системот се користи за одбрана од напади со хеликоптери, авиони, крстосувачки ракети или ракети. Ирис-Т СЛМ е подвижен и може брзо да ја промени својата локација откако ќе биде идентификуван од непријателот. Еден од овие системи може да заштити град со средна големина. Ирис-Т СЛМ може да погоди цели до 20 километри на надморска височина и на далечина до 40 километри.

Украинските војници се обучени за системот за противвоздушна одбрана.

Кога Украина ќе ги добие останатите три системи зависи од тоа дали Египет ќе се согласи да се пролонгира нивната испорака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот