Резников: Тенковска контраофанзива е можна во април или мај

Тенк „Челинџер“, дониран од Британија за украинската војска / фото: Украинско министерство за одбрана

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за естонската телевизија сугерираше дека Украина може да почне офанзива во април или мај, во која ќе се користат тенковите испратени од Западот.

Тој наведе дека тенковите Леопард од германско производство, што почнаа да пристигнуваат во Украина, ќе бидат дел од контраофанзивата според одлуката на Генералштабот.

– Ќе зависи од најдобриот момент. Ќе зависи од временските услови … Мислам дека ќе видиме тенкови во текот на следните два месеци. Мислам на април и мај, посочи Резников.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот