Режисерите од „златната ера“ на унгарскиот филм Илдико Ењеди и Корнел Мундручо за крај на „Киненова“

Во рамките на програмата „Фокус на современата унгарска кинематографија“ беа прикажани четири унгарски филмови од Илдико Ењеди и Корнел Мундручо, успешни режисери кои ја претставуваат „златната ера“ на унгарскиот филм.

-Во изминатите две децении унгарската кинематографија доживува преродба со голем број современи унгарски филмови што добиваат престижни меѓународни награди, вклучувајќи и два Оскара, во 2015 и во 2017 година, соопшти Амбасадата на Унгарија.

Програмата ја отвори филмот „За тело и душа“,сценарио и режија: Илдико Ењеди, кој лани влезе во најтесен круг за „Оскар“. Илдико Ењеди (1955) и’ припаѓа на постарата генерација унгарски филмаџии, со завидна филмографија зад себе која брои 14 режисерски остварувања. Своите сценарија ги реализираше во текот на 80-те и 90-те години на минатиот век, неретко освојувајќи и фестивалски награди, како „Златна камера“ на Канскиот фестивал за филмот „Мојот 20 век“ (1989). Но, по одличниот „Симон магионичарот“ во 1999 година Ењеди се повлекува од филмската сцена. На радост на многумина, по 18 години таа го реализираше „За тело и душа“ кој финишираше во ТОП 5 најдобри филмови за 2017 година снимени надвор од САД, по што авторката доби покана да стане член на Академијата за науки и уметности (АМPAS).

Прочитајте и...  Истражување: 25% од етничките Албанци не веруваат во ковид-19, а 48% од Македонците сметаат дека е создаден вештачки

Од истата авторка беше прикажан и филмот „Мојот 20 век“ за кој Ењеди ја доби наградата „Златна камера“ на Канскиот фестивал во 1989 година.

Викендот пак, беше резервиран за проекции на филмовите „Нежен син: Проектот Франкештајн“, сценарио и режија: Корнел Мундручо (Kornel Mundruczo), работен според романот „Франкенштајн“ на Мери Шели (Mary Shelley) и „Јупитеровата Месечина“, сценарио и режија исто така на Мундручо. Учесникот на канскиот фестивал и добитникот на фестивалските награди во Сараево и Севиља го стави во фокус како еден од најинтересните млади европски автори во новиот милениум.

Корнел Мундручо (1975)  припаѓа на новата генерација на унгарски филмаџии кои со своите први и втори остварувања веќе се наметнаа како нов бран во унгарската и европската кинематографија. Интересно, тој е успешен и како сценарист, и како актер, но најпознат е како режисер, неретко играјќи помали улоги во своите остварувања. Зад себе има неколку наградувани кратки и телевизиски серии и филмови, а неговата филмографија веќе брои 7 долгометражни филмови, меѓу кои овие два кои се дел од ревијата, според критичарите, се неговите најдобри.

Прочитајте и...  За да го избегнат полицискиот час граѓаните „бегаат“ во Маврово, Струга и Охрид (ФОТО)

Прочитај повеќе

Затворени вратите на гробиштата кон Бутел и Ново Лисиче (ФОТО)

Горан Наумовски

Европол отвори центар за борба против финансискиот криминал

Слободен печат

Нови 177 позитивни случаи на Ковид-19 и двајца мртви во земјава во последните 24 часа

Слободен печат

Инфектологот Каламарас на Фејсбук: Со вашите теории на заговор убијте го целиот персонал, па со вашите теории на заговор ќе се лечите сами

Слободен печат

Ахмети: Време е за прв албански премиер во земјава

Слободен печат

Повторно нов случај на коронавирус во Дебар

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Денеска ХТЛ МАКЕДОНИЈА донираше медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје

ЈО даде наредба за истражна постапка за убиство во Гостивар

Слободен печат

Рекорден број на новозаразени во Индија: За еден ден речиси 10.000 лица позитивни на Ковид-19

Слободен печат

Медицинска сестра од болницата во Јесенице заразена со коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Не е тешко да се почитуваат трите клучни мерки за заштита од Ковид-19

Слободен печат

Османи: Погледнете како за 30 минути се пренесува вирусот на заеднички ручек или вечера (ВИДЕО)

Слободен печат