Режимот на Путин има нов начин за вршење на притисок врз демонстрантите: Ова не смее да се дозволи, ги уценуваат со децата!

Режимот на Путин прибегнува кон се пожестоки начини на притисок кон оние кои се против неговата власт – лишување на родителските права и одземање на деца. Кремљ се штити со сите свои средства.

Цело лето во Москва се одржуваа протести за „слободни избори“, бидејќи изборната комисија се откажа од избори, под изговор дека постојат технички недостатоци, како и неколку либерални и демократски кандидати.

Полицијата брутално се справувала со овие протести (на едниот од нив буквално се приведени половина од демонстрантите), за чие одржување, сепак, градските власти во ниту еден момент не дале одобрување, а многубројни протестанти и лидери на демократски групи се осудувани на повеќедневни затворски казни.

Но, сега, властите сметаат дека оние кои излегле на мирни протести со малите деца им било судено од полицијата и социјалните служби дека наводно ги користеле или злоупотребувале како „штит“ или биле користени за да ја опструираат полицијата во „третманот на агресивните демонстранти“.

Фото: Принтскрин

Затоа, сега, нивната „родителска квалификуваност“ се разгледува и се поведува постапка за одземање на деца, а родителите може да бидат осудени на казна затвор од шест месеци до две години.

На родителите Олга и Димитриј Прозаков сакаат да им го одземат нивниот едногодишен син, кој, како што стои во обвинението, му го предале на „непознат човек“ и со тоа го загрозиле детето, а тој човек Серген Фомин бил прикажан како лидер на „насилните протести“.
Потоа се покажало дека тој човек е нивен роднина.

Било отворено и обвинение против Јелена и Петар Хомски, кои биле снимени со деца од „полициска камера“, а во режимските медиуми Петар е прогласен за „телохранител на Навални“ кој се крие зад своето дете.

Рускиот детски правобранител, Јвгениј Бунимовиќ, вели дека е недозволиво родителите да се уценуваат преку децата, односно дека се работи за „класична политичка уцена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот