Резервирајте си го 8-ми октомври за Лиза Џерард & The Mystery of the Bulgarian Voices во Скопје!

фото Фејсбук

Уметницата утре вечер ќе го претстави својот последен проект со женскиот хор од соседна Бугарија, добитничките на престижната „Греми награда“, The Mystery of the Bulgarian Voices.

Инаку, по потекло од ирски емигранти, Лиза Џерард е родена и живее во Австралија, кадешто ја започнува својата кариера пред речиси 40 години. Прилично експерименталната пост панк музичка сцена на крајот на 70-те во Мелбурн ја спојува со Брендан Пери, со кој во 1981 го создаваат уникатниот проект „Dead Can Dance“, кој опстојува и денес со неколку креативни прекини. „Dead Can Dance“ се неприкосновен и по многу нешта автентичен музички состав, кој обединува два вокали, кои со својата моќност и боја како да го сликаат почетокот или крајот на светот. Лиза Џерард и Брендан Пери својата инспирација изминатите декади ја црпат од племенското, окултното, световното, но и од земското, профаното постоење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот