РЕВОЛУЦИОНЕРНО: Откриен нов тип на рак на белите дробови, кој засега не е поврзан со пушењето

Фото: Профимедиа

Научници од Меѓународни агенции за истражување на рак, новите агресивни подтипови на белодробни карциониди ги нарекуваат уште и суперкарционоиди.

Сега биле идентификувани сосема нови подтипови на агресивни белодробни карциониди, редок тип на белодробен тумор чиј причинител во овој момент не е поврзан со најчестиот фактор кој доведува до појава на рак – пушењето.

Со правење на неопходните понатамошни истражувања, научници од Меѓународните агенции за истражување на рак го објавиле резултатот од својата работа во соопштение, во кое стои дека новите агресивни подтипови моментално не се поврзани со пушењето.

„Пациенти со суперкарциониди имаат помали шанси да преживеат (33 отсто во период од 10 години) во споредба со пациентите заболени од другите белодробни карциноми чија стопка на преживеани е дури 76 отсто“, стои во соопштението на агенциите кои функционираат во рамките на Светската здравствена организација (СЗО).

Нивното истражување е чекор напред во идентификацијата на поединечни тумори и наопронаоѓањето на нивните молекуларни карактеристики.

Инаку, карционидите на белите дробови сочинуваат околу пет отсто меѓу туморите на белите дробови и за нив нема паметни терапии, туку се лечат хируршки ако се откријат на време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот