Револуционерниот омот на „Бјело дугме“: Девојката со голите гради добила шлаканица од момчето (ФОТО)

Пред 45 години групата „Бјело дугме“ го објавила првиот студиски албум „Кад бих био бјело дугме“. Несекојдневниот омот за плочата во бивша Југославија привлекол големо внимание.

Сараевскиот сликар Драган Стефановиќ бил еден од првите дизајнери на омоти на просторите на поранешна Југославија. Првиот проект бил „озлоглосаниот“ омот за првиот албум на популарната југословенска рок група.

Стефановиќ му бил пријател од детството на Горан Бреговиќ. На почетокот од седумдесеттите години го ангажирале групите „Амбасадори“ и „Индекси“, а подоцна станал познат по револуционерниот омот на кој има женски гради.

Instagram

 

Според приказните, постарите белграѓани масовно влегувале во белградската книжарница „Култура“ каде што се продавала плочата и негодувале кај продавачите со зборовите:

„Каква култура ви е ова во излогот?“

Во неколку интервјуа Стефановиќ ја прераскажувал анегдотата за момчето на девојката од омотот, кој го бркал низ радио Сараево, а потоа го извадил надвор и го прашал дали ја познава неговата девојка и дали е вистина дека таа е на сликата. Бидејќи Стефановиќ му одговорил дека таа е на сликата, момчето ѝ удрило шлаканица, му се заблагодарило на Стефановиќ и си отишол.

Сеопштото лудило само го поттикнало Стефановиќ да продолжи со дизајнирање, па продолжил со соработка со Корни групата за албумот „Мртво море“.

Image result for mrtvo more korni grupa
принтскрин/Youtube

Стефановиќ бил доследен во еротизација на албумите работејќи ги во манир на поп арт или сликарски детали.

Голем успех постигнал и со вториот омот за „Бјело дугме“, „Шта би дао на мом месту“, на кој имало женски задник, додека омотот за „Битанга и принцеза“, кој требало да претставува удар на женска нога со штикла во меѓуножјето на маж во бело одело – бил цензуриран од страна на „Југотон“.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот