Револуционерна одлука на ФИФА, фудбалерите ќе може да ги менуваат репрезентациите

ФИФА доби уште еден моќен противник во реализација на идејата СП да се игра на секои две години/ фото: EPA-EFE/STEFFEN SCHMIDT

Светската фудбалска федерација денеска на 70. конгрес кој се одржа во Цирих,Швајцарија, усвои револуционерно правило.

ФИФА со 193 гласа за, еден против и седум нецаќки, донесе одлука со која фудбалерите може да ја променат репрезентацијата но ќе мора да исполнат одредени услови.

Сега веќе старото правило гласеше дека фудбалерот ќе може да ја промени репрезентацијата доколку нема одиграно официјален натпревар за претходната репрезентација.

Според новите правила фудбалерот ќе може да заигра за друга репрезентација доколку нема повеќе од три настапи за селекцијата за која претходно играл и не бил постар од 21 година, доколку не играл на Светско или континентално прве4нство и доколку од последниот настап се поминати најмалку три години и доклку има државјанство на земјата за која сака да настапува во иднина.

На конгресот на ФИФА исто така е променет и критериумот според кој играчите ќе можат да го променат државјанството доколку не играле за матичната земја.

Доколку играчот се пресели во нова држава пред 10 годината тогаш мора таму да живее најмалку три години. Доколку се преселил помеѓу 10 и 18 година, во новата земја мора да помине најмалку пет години пред да го исполни критериумот да добие пасош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот