Револуционерна идеја на Де Лаурентис за ЛШ

EPA/ALESSANDRO DI MEO

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, на состанокот на здружението на европските клубови (ЕЦА), кој се одржува во Мадрид, истакна дека двете европски натпреварувања, Лигата на шампионите и Лигата на Европа, треба да се соединат во едно натпреварување од 2024 година.

– Решението е да се направи натпреварување составено пд 80 екипи во кое би учествувале најдобрите седум екипи од првенствата на Италија, Франција, Германија, Шпанија и Англија, по четири од Португачија, Холандија, Белгија… Таквата лига би се поделила на четири групи со по 20 екипи и да се игра еднокружен систем, значи 19 натпревари од вторник до четврток без влијание на националните лиги кои би продолжиле да се играат за време на викендите. По првите четири екипи од секоја група би оделе во осминафиналето – ја објасни револуционерната идеја, де Лаурентис.

УЕФА и ЕЦА имаат договор,сегашниот систем на натпреварување да не се менува до 2024 година. Но, уште сега, најголемите екипи ги презентираат своите идеи како треба да изгледаат европските натпреварувања во иднина.

Овој предлог сигурно нема да им се допадне на најголемите европски екипи како Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, Ливерпул, Манчестер јунајтед, ПСЖ кои се погласно размислуваат за затворено натпреварување на највеќе 16 екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот