Револуционерен трансфер предлог на Марота

Мајсторот за трансфери, Бепе Марота кој моментно е директор на Интер, го шокира фудбалскиот свет со изјавата за можното решение како да се запре лудувањето на богатите екипи на трансфер пазарот. Во последните неколку години се случија неверојатни трансфери, ПСЖ фрли 400 милиони евра за Мбапе и Нејмар, Атлетико пред неколку дена плати 126 милиони евра за 19-годишниот тинејџер, Жоао Феликс, а рекорди уриваа и англиските екиипи Манчестер сити, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Челси. Сега Марота има неверојатен предлог како да се стави крај на ваквите трансфери.

– Во минатото беше поинаку и имавме некои лимити. Некогаш играчите беа беспомошни бидејќи главниот збор го имаа екипите но потоа дојде Босмановото правило кое смени се. Мојот предлог е да се намалат цените. Играчите да вредат нула евра по 25 години. Можат да бидат под договор, но клубовите не би плаќале обесштетување туку само плата, а доколку фудбалерот прифато понуда од друга екипа да може да си замине бесплатно – изјави Марота.

Марота е познат како мајстор за бесплатно ангажирање на фудбалери, тој успеа или без пари или со минамално обесштетување да ги реализира трансферите на ѕвезди како Андреа Пирло, Пол Погба, Артуро Видал. Карлос Тевез, Сами Кедира. Тој е свесен дека неговиот предлог ќе наиде на негодување бидејќи би се зголемил јазот помеѓу големите и богати екипи и малите клубови кои живеат од продажба на фудбалери.

– Нормално дека мојот предлог оди во прилог на големите екипи, но исто така и малите клубови би можеле да заработат пари на трансфери на фудбалерите додека тие наполнат 25 години – вели Марота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот