Револуцијата на Милан започнува со двоецот од Салцбург

Германскиот тренер Ралф Рангник пред четири дена конечно се договори со челниците за „росоњетите“.

Речиси сите релевантни италијански медиуми пред четири дена објавија дека Иван Газидис и Ралф Рангник се договорија и Германецот доби одврзани раце да направи револуција во Милан и да го врати тимот во европскиот врв.

Според медиумите, Рангник го истера своето и ги убеди челниците на
„росоњетите“ тој да одлучува за сите засилувања на играчите и поради тоа освен тренерската функција, Германецот е назначен и за спортски директор.

Сега кога го истера своето, Рангник го дозна и буџетот со кој ќе располага во летниот преоден рок, според „Газета дело Спорт“ тој изнесува 75 милиони евра плус 50 проценти од секој продаден играч на Милан/

Највисоко на списокот со желби е фудбалерот на Салцбург, Доминик Собослаи како и напаѓачот на австрискиот тим, Патсон Дака. Рангник ќе се обиде да ги искористи врските во Ред Бул, бидејќи во Милан доаѓа од тимот на Лајпциг чиј газда е компанијата која го поседува и Салцбург.

Собослаи игра во средниот ред и треба да претставува освежување за „росонерите“, додека Дака е идеалното решение за нападот. Дака изби во прв план по заминувањето на Ерлинг Халанд од Салцбург во Борусија Дортмунф, и оттогаш постигнува гол на секоја 61. минута.

Проблем претставува откупната клаузула на Дака која изнесува 70 милиони евра, но Рангник се надева дека ќе добие попуст од поранешниот сопственик и дека за таа сума ќе успее да ги донесе и двајцата фудбалери на Салцбург.

Покрај нив, новиот тренер на Милан ќе се обиде да ја освежи одбраната и тоа со играч од Бундеслигата. На радарот на Рангник се наоѓаат дефанзивците на Франбург, Робин Кох и на Хофенхајм, Мелардо Богарде кој е внук на поранешниот холандски репрезентативец Винстон Богарде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот