РЕВОЛУЦИЈА ВО НБА: Њујорк никс станува првиот тим кој ќе има жена за тренер?

твитер

Екипата на Њујорк никс се наоѓа во активна потрага по нов тренер откако му даде отказ на Дејвид Физдејл. Желбата на менаџментот на тимот е на клупата да седне некое од најголемите тренерски имиња во САД, но речиси никој не е заинтересиран да работи во екипата која од 2000 година смени дури 10 тренери.

Поради тоа, во тимот се подготвени за револуција и да станат првиот тим во историјата на НБА кој ќе именува жена за главен тренер.

Телевизијата CNBC пишува дека главен фаворит за нов тренер на никси е Беки Хемон, една од најдобрите кошаркарки на сите времиња, која од 2014 година работи како помошник на Грег Попович во Сан Антонио спарс.

Голем дел од кошаркарските експерти во САД ја гледаат токму Хемон како првата жена која порано или подоцна ќе добие можност да биде главен тренер на една НБА екипа.

Таа се наоѓа меѓу фаворитите за тренерската функција и неименуван извор за телевизијата откри дека Беки Хемон би ја прифатила понудата доколку Њујорк и понуди долгорочен договор на четири или пет години.

Освен Хемон, во потесниот избор се наоѓаат уште и поранершниот тренер на Голден стејт, Марк Џексон и Сем Мичел кој во 2007 година беше избран за тренер на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот