Револуција на ФИФА, планира да ги укине линиските судии

ВАР технологијата од оваа сезона ќе биде присутна и во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Лигата на Европа, додека останатите големи лиги уште од минатата сезона ја практикуваат оваа технологија при спорните моменти од натпреварите.

Сега Светската фудбалска федерација (ФИФА), планира да оди чекор понапред и за неколку години да направи вистинска револуција.

Според британските медиуми, челниците на ФИФА се одушевени од ВАР технологијата и отворија нов оддел кој ќе се занимава со истражување на влијанието на ВАР на фудбалот и можностите за негова примена во иднина.

Основната цел на новиот оддел е да се намалат судиските грешки и доколку се покаже дека ВАР технологијата е корисна, можно е да се укинат линиските судии и да се заменат токму со новата технологија.

Според замислите на челниците на ФИФА, на теренот ќе има само еден судија, главниот, кој сета помош околу спорните моменти би ја добивал од ВАР собите кои би биле полни со судиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот