РЕВОЛУЦИЈА: ФИФА покренува регионални лиги

твитер

Претседателот на ФИФА, Џани ИНфантино е подготвен за нова фудбалска револуција, откако минатата недела најави дека е можно женскиот Мундијал да се игра на секои две години, сега планира револуција и во клупските натпреварувања.

Инфантино и ФИФА се подготвени за покренување на регионална лига, во фокусот им е организирање на заедничка лига на Холандија и Белгија.

– Мораме да имаме отворен разговор на оваа тема. Белгијците и Холанѓаните веќе ја разгледуваа можноста да создадат лига „Бенелукс“, а ние во последните 20 години постојано ја одбивавме оваа идеја бидејќи фокусот беше на националните лиги. Но што доколку нивните предлози и идеа ќе му помогнат на фудбалот?

Можеби таквите натпреварувања се спас за фудбалот, не само за Европа туку и за Африка. Мислам дека наша должност и внимателно да ги разгледаме овие можности – порача Инфантино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот