Револуционерниот режисер Бела Тар со мастерклас на „Синедејс“

Бела Тар Синедејс
Фото: Facebook

Еден од највлијателните и револуцонерни европски режисери, унгарскиот режисер Бела Тар ќе оствари свој мастерклас во рамки на овогодишното издание на „Синедејс“.

Како што велат организаторите, стилот на режисерот еволуираше со текот на годините, од неговите рани филмови како „Family Nest“ (1979) и „The Outsider“, до неговите проекти „Satantango“ (1994), „Werckmeister Harmonies“ (2000), постепено оддалечувајќи се од она што тој го нарече „социјално кино“ до поновите, длабоко атмосферски филмови како The Turin horse (2011).

– Бела Тар е меѓу највлијателните режисери изминативе 30 години. Бела Тар е антимистик. Некој што својот филмски опус го разбира како борба против правењето филмови/лаги. Кај Тар, филмот станува живо битие, заеднички емпатичен договор помеѓу режисерот и гледачот, чин на доверба. Неговата методологија подразбира флуидност во филмската нарација, поинаков монтажен процес во филмското раскажување, протест против традиционалното филмско изразување, поинаков простор и поинакво филмско време. Бела Тар создаде сопствен филмски јазик додавајќи ја алегоричната слика на своето опкружување. Кинестетскиот јазик на Тар е најдобро изразен преку тежината на времето, товар присутен во голем број од неговите филмски сцени. Бела Тар го револуционизира современото кино, вели за него познатиот македонски филмски критичар Влатко Галевски.

Мастеркласот на Бела Тар е закажан на 17 јули, сабота во 15 часот во кино Фросина (МКЦ). Претходно, со почеток во 12 часот, ќе се одржи специјална проекција на филмот „Werckmeister harmonies“, кој е темата на мастеркласот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот