Револуционерен третман: Излечена првата жена од ХИВ со помош на матични клетки од папочна врвка

лекари
Фото: Pexels

Неименувана средовечна жена која боледувала од ХИВ и леукемија примила револуционерен третман кој вклучува матични клетки од крв од папочна врвка. Американските лекари ѝ инјектирале крв од папочната врвца, која вообичаено се користи за лекување на акутна миелоидна леукемија, форма на рак кој се развива во коскената срцевина, пренесува „New York Times“.

По 14 месеци немало траги од вирусот во крвта, а леукемијата била во ремисија

Таа е првата жена и трета личност во светот која добила ваков третман. Истражувачите од медицинскиот центар „Presbyterian Weill Cornell“ во Њујорк спроведоа студија и ги споделија своите наоди за време на Конференцијата за ретровируси и опортунистички инфекции во Денвер.

„Жената, која одлучи да остане анонимна, беше меѓу првите пациенти која го прими новиот метод на трансплантација со помош на крв од папочна врвца, збогатен со мутација која го блокира навлегувањето на ХИВ во нејзините клетки. Таа, исто така, доби делумно усогласени крвни матични клетки од роднини од прв степен, родителит, потомци или браќа и сестри, додека терапијата со крв од папочна врвца делуваше преку нејзиниот обновен имунолошки систем“, објасни д-р Коен ван Бесиен, директор на одделот за трансплантација во „Weill Cornell Medicine“.

Profimedia
Фото: Profimedia

„Сега, само 14 месеци по трансплантацијата, нејзината крв нема траги од вирусот. Дополнително, успешната терапија доведе до ремисија на леукемијата што ја разви во март 2017 година поради ХИВ инфекцијата“, додал тој. „Научниците веруваат дека крвта од папочната врвца од новороденче може да биде поприлагодлива од матичните клетки на возрасните“, вели д-р Коен ван Бесиен.

Има нешто магично во овие клетки

Др. Стивен Дикс, предавач за СИДА на Универзитетот во Сан Франциско, кој не бил вклучен во студијата, бил импресиониран од резултатите.

„Има нешто магично во овие клетки и евентуално нешто магично во крвта од папочната врвца. Во споредба со типичните трансплантации на матични клетки од возрасни, кои излечија двајца мажи од ХИВ по драстично закрепнување, крвните клетки од папочната врвца се далеку подостапни за повеќе пациенти, особено за луѓето од различни раси“, вели д-р Дикс. „За разлика од традиционалните трансплантации на коскена срцевина, во случај на употреба на крв од папочна врвца се овозможува трансплантација да добијат и пациенти на кои само делумно одговара на нивната крвна група“, додаде тој.

Имено, повеќе од половина од заболените од ХИВ се жени, од 38 милиони случаи ширум светот, но но, само 11 отсто од нив се дел од клиничките испитувања за наоѓање лек. Се проценува дека 73 отсто од луѓето кои живеат со ХИВ добиваат традиционален третман, главно антиретровирусни лекови. Меѓутоа, во ретки и екстремни случаи, трансплантацијата на коскена срцевина е опција, но таа е скапа и инвазивна и сама по себе носи големи ризици, велат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот