„Револуција во автомобилската индустрија“: Како Мери Андерсон ги создаде бришачите за автомобили

мери андерсон
Фото: Принтскрин / Youtube

Дали сте слушнале за оваа фасцинантна жена по име Мери Андерсон, која во 1903 година ги патентирала механичките бришачи на шофершајбната.

Во почетокот, пронајдокот на Мери Андерсон наишол на остри критики, па дури и на потсмев. Многу луѓе сметале дека бришачите на шофершајбната ќе го одвлекуваат вниманието на возачот додека вози.

Во почетокот на 20 век, доколку возачот сакал да си го исчисти предното стакло од автомобилот за време на патување, морал да застане и рачно да го избрише.

Нејзиното откритие се случило за време на патување до Њујорк,  кога забележала дека возачите, за време на дожд, мораат да го отворат прозорецот на автомобилот за да го видат патот пред нив. Тогаш направила брисачи кои можат да се управуваат од самото возило.

автомобил
Фото: Pexels

Механизмот, кој се состоел од рачка, лост и обложена гума бил стандарден дел од опремата во САД од 1916 година, а со забрзаниот развој на автомобилската индурстија, нејзиниот изум постепено почнал да се воведува во автомобилите ширум светот. Во 1922 година, „Кадилак“ станал првиот производител на автомобили што ги прифатил бришачот како стандардна опрема.

Мери Андерсон не заработила многу од својот патент за време на нејзиниот живот. Обидите за да добие нешто од правото за производство на брисачи биле во голема мерка неуспешни. Единствениот приход што го заработила од својот патент била еднократната провизија за доделување на правата за производство за одреден период, но условите биле многу неповолни за неа.

Денес, на сите автомобили е вграден пронајдокот на Мери Андерсон.

Како разноврсна, прагматична и многу способна жена, Мери Андерсон успешно се занимавала со градежништво, сточарство и лозарство. Мери поголемиот дел од животот го поминала во градот Бирминген во Алабама. Нејзиното образование не е познато, таа никогаш не била мажена и немала деца. Починала на 87-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот