Револтирани жители на Лисиче на протест: Еве што бараат за да се стави крај на дивото возење (ФОТО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеСкопје

Револтирани жители на Лисиче на протест: Еве што бараат за да се стави крај на дивото возење (ФОТО)

Барањето за поставување семафори кое жителите го доставиле до Град Скопје не вродило со плод.

Утрово повеќе револтирани жители на Лисиче во знак на протест ја блокираа крстосницата 12 македонска бригада. Бараат соодветна сообраќајна сигнализација која ќе стави крај на дивото возење, а пешаците ќе бидат побезбедни.

Фото: Слободен печат

Барањето за поставување семафори кое жителите го доставиле до Град Скопје не вродило со плод. Оттаму им образложиле дека физичките препреки како вибрациони ленти и асфалтни перничиња се поефикасни.

Фото: Слободен печат

Најавија радикализирање на протестите, дури и протести од 17 часот пред општината за да може нивниот глас повторно да го слушнат институциите.

Фото: Слободен печат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close