Ревизија во Министерството за култура: Раскинати договори во износ од над еден милион евра

Министерството за култура информираше дека во периодот од 1 септември 2020 до 31 јануари 2021 година, поради нереализирани проекти и неуредна финансиска документација, раскинало договори во вкупен износ од 70.776.722,00 денари, односно над еден милион евра.

Министерството претходно информираше дека е спроведена внатрешна ревизија. Наодите од ревизијата, Министерството по службена должност ги испратило до Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор при Министерството за финансии, до Финансовата полиција и до ДКСК.

Според усвоените заклучоци од седница на Владата, Министерството за култура нема да ги исплаќа средствата кон другите корисници до завршување на финансиските контроли, а со цел заштита на буџетските средства. Сите информации ќе бидат познати по завршените контроли, за што подетално треба да се произнесат органите што се повикани. Од Министерството за култура очекуваат Финансовата полиција и ДКСК во најбрз можен рок да постапат заради расчистување евентуални злоупотреби.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 68, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот