Ревидиран списокот за влез во земјите на ЕУ: Македонија се уште отсутна, тргнати се и Србија и Црна Гора

Европска унија /Фото: Миа

Советот на ЕУ официјално ја објави новата листа на земји за кои од 16 јули се препорачува укинување на рестрикциите за патување во ЕУ.

На листата се 13 земји од претходниот список, додека Србија и Црна Гора се единствените кои се тргнати од него.

На основите на критериумите кои првенствено ја опфаќаат епидемиолошката ситуација и мерките на заштита, државите членки на ЕУ од 16 јули би требале постепено да ги укинуваат ограничувањата за патување за жителите од Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина која е подложна и на услови на реципроцитет за патувања на граѓаните на ЕУ на нејзината територија.

Брисел напоменува дека препораките на Советот на ЕУ не се правно обврзувачки инструмент и дека властите на земјите членки остануваат одговорни за спроведување на содржините на препораките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот