Реваншот со Магдебург шанса за поправање на впечатокот

фото: Е. Пелистер

Битолчани на последните два натпревари доживеаја два порази, од вечерашниот противник, но и против големиот ривал во макеоднскиот ракомет, Вардар.  

Ракометарите на Е. Пелистер денеска (18.45 ч.) му гостуваат на Магдебург во реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на Европа.

Дилемите околу победникот беа решени уште на првиот натпревар кој се играше во Битола бидејќи германскиот тим славеше со 24:32, а завечерашниот дуел екипата ќе биде ослабена за тренерот Жељко Бабиќ кој е позитивен на коронавирус.
Сепак, желбата да се поправи впечатокот од првиот натпревар, но и од дербито во македонското првенство во кое загубија од Вардар, е присустна кај сите ракометари.
– Магдебург е екипа за која не треба да се трошат зборови. Покажаа дека се една многу квалитетна екипа. И ние сезонава покажавме дека можеме секому да парираме. На последните два натпревари малку паднавме, но верувам дека во Магдебург ќе го покажеме вистинското лице. Без разлика на заостанувањето од Битола, нема да се предадеме. Се подготвуваме и сигурно ќе бидеме незгоден противник за нив – смета Елмир Граџан.

Магдебург го „смрзна“ Е. Пелистер на минус осум

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот