Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани, досега 43.376 примиле трета доза

Вакцинација во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претставникот на германскиот капитал на Хајделебрг Институтот во Скопје и претседател на Академскиот совет во Академијата за банкарство – АБИТ, Синиша Наумоски оствари работна средба со Ото Граф, заменик- амбасадор и раководител на економскиот оддел во Амбасадата на СР Германија.

– Граф е голем поддржувач на Хајделберг Институтот во напорите за имплементирање на дуално средно и високо образование во Скопје, а на работниот доручек беше најавена и можноста за реализација на неколку значајни проекти во дуалното стручно средно и високо образование во земјите од Западен Балкан, информираат од Хајделберг институтот.

На состанокот, заменик-амбасадорот Граф бил информиран за официјална средба на Наумоски со владините претставници на сојузната покраина Баден-Виртемберг, која се одржува во Хајделебрг, Манхајм и Франкфурт. Целта на овие состаноци, како што се нагласува во соопштението, е основање на филијала за дуално образование (средно и високо) за земјите од Западен Балкан со седиште во Скопје, а под менторство на веќе отворениот германски институт Хајделберг за Западен Балкан.

За време на работната средба била предадена програма со јасно нагласени идни чекори за имплементација на таквите проекти, при што, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје дала силна поддршка за забрзување на процесите во таа насока.

– Со тоа, не само во Скопје, ваквите иницијативи, ќе бидат поддржани во Белград и Загреб, со што, уште еднаш беше потврдена поддршката од Хрватската амбасада во Скопје, како и најавена засилена соработка со германската комората „AХК“ во Скопје и Белград. Исто така, беше нагласена и потребата т.е. побарувачката на стручен кадар од страна на сите германски компании во слободните економски зони во земјите од Западен Балкан и можностите, тие, активно да ги поддржуваат иницијативите за нови едукативни проекти за дуално средно и високо образование, информираат од Хајделберг институтот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот