Ревакцинирани 44% од полнолетните граѓани во државата

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3458 дози вакцини, од кои 873 се аплицирани како прва доза, 2513 се ревакцинирани, а 72 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 793 179 граѓани, ревакцинирани се 743 374, а трета доза примиле 571 граѓанин. Педесет и три отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, стои во соопштението.

Извор: МИА

Активни 10 819 ковид случаи, ревакцинирани 44 отсто од полнолетните граѓани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот