Ретроспективна изложба: Дела од Сергеј Андреевски и Никола Иванов Балтон се изложени во САД

Во галеријата „Вилма В. Даниелс“, еден од најрепрезентативните изложбени простори во Вилмингтон, Северна Каролина, САД, овие денови беше отворена ретроспективна поставка со дела од колекцијата на меѓународната ликовна колонија „Без граници“.

Меѓународната ликовна колонија „Без граници“ е основана во 1998 година од страна на уметниците Памела Тол, Гејл Тастин и Дик Робертс, а инспирацијата произлезе од нивното гостување на меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ во Македонија. „Без граници“ е формирана со потенцирана цел да ги зближи уметниците од целиот свет за да се просветлат едни со други и да споделат уметност, култура и идеи со пошироката заедница.

Фрагмент од изложбата во галеријата „Вилма В. Даниелс“ со дела на Андреевски од циклусите „Бакнеж со рибите“ и „Џезери“ (Фотографија: Памела Тол)

Кураторката на изложбата Вики Смит истакнала дека станува збор за „ретроспективно искуство, со возбудливи и моќни дела од претходни гости, уметници од САД и од светот, меѓу кои се и делата на македонските уметници Сергеј Андреевски и Никола Иванов Балтон“. Во изминативе 22 години, освен Балтон и Андреевски, на ликовната работилница гостувале и македонските уметници Глигор Чемерски, Димитар Стојчевски, Славко Упевче, Роберт Цветковски и Марјана Костојчиновска. Изложбата во галеријата „Вилма В. Даниелс“ ќе биде отворена до 18 декември.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот