Ретроградниот Меркур помина, но нови маки ни носи ретро-сенката, проверете како ќе влијае на вашиот живот!

profimedia

Доколку во претходниот период имавте бројни предизвици, тестови, но и љубовни проблеми кои ве мачеле, сигирно за тоа сте го обвиниле ретроградниот Меркур.Но знаевте ли дека во следните денови ни се подготвува уште една промена – феноменот познат под името „ретрошејд“ (ретросенка) кој може да влијае на вашето секојдневие, а некои астролози тврдат дека овој феномен може да ви го врати непосакуваниот партнер во животот. 

Меркур престана да биде ретрограден од 9-ти март, но до 29-ти март ќе сотане активна неговата ретроградна сенка. На некој начин, периодот на ретро-сенка може да биде многу повеќе иритирачки од самиот ретрограден Меркур.

Тоа се оние моменти кога брзајќи го напуштате домот и го заборавате телефонот, а тоа не го сфаќате се додека не дојдете до местото кадешто сте се упатиле.

-Ретроградниот Меркур всушност не заврши. По вторпат кога планетата ќе тргне напред, ќе ги ревидираме темите настанати во текот на ретроградниот период, – објаснува Стефани Повел, астролог на интернер порталот „Астролоџи.ком“.

-Љубовните врски ќе бидат на тест и ќе треба да одлучиме што понатаму. Важно е да се земе предвид дека одредени случувања можат да се забрзаат, но и да дојде до застој кога повторно ќе морате да ги одложувате работите. Затоа важно е да се биде трпелив до 29.март. И да, поранешните партнери можат да се појават до крајот на месецот – вели Стефани.

Бидете подготвени на лудило!

Кога Меркур ќе се врати на точката од каде што го почнал ретроградното движење, тогаш неговата сенка конечно веќе нема да делува – дури тогаш работите можат да тргнат нанапред.

-За сега воздржете се од испраќање на порака на поранешниот партнер, – советува Повел.

Астролозите велат дека во овој период лесно може да се „загубите“ себеси и својот мир поради непријатностите со кои често ќе се сретнувате.

Тогаш имате две опции – да се предадете на негативните влијанија или да го искористите овој период како прилика да ги интегрирате сите лекции кои ги имавте во текот на претходните неколку недели. Астролозите советуваат да ги надокнадите телефонските разговори, да слушате радио емисии или да правите нешто за што порано сте имале интерес. Всушност, ова е време за истражување.

Кога сте родени за време на ретрограден Меркур? 

Иако никој не е имун на ефектите на ова космичко случување, постојат некои „среќни“ души на кои ќе им биде полесно. Тоа се оние кои се родени во текот на ретрорадната фаза на Меркур (која се појавува три пати годишно и трае три недели), можат да се чувствуваат изненадувачки добро, како конечно да се во „свој елемент“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот