Ретко ги покажува во јавноста: Каролина Гочева со нејзината мајка, сестра и внука! (ФОТО)

Една од најдобрите работи кои можете да ги правите во самоизолација е разгледување на стари фотографии кои ќе ви разбудат убави спомени.

Токму тоа го направи и нашата позната пејачка Каролина Гочева, која на својот профил на Инстаграм објави досега необјавени приватни фотографии.

Фото: Инстаграм

Станува збор за фамилијарниот одмор од минатата година на грчкиот остров Родос. На фотките може да ги видиме мајката, сестрата и внуката на познатата пејачка, кои ретко ги покажува во јавноста.

Популарната пејачка напиша и емотивен коментар во описот на фотографиите:

– Деновиве сите се навраќаме на некои убави моменти со надеж дека наскоро ќе можеме да создаваме нови спомени и незаборавни дружби ?
А ова ми беа незаборавни 7 дена со моите најсакани кои деновиве мноогу ми недостасуваат. ?❤️
Јуни 2019

Фото: Инстаграм
Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот