РЕТКО Е ВО СРБИЈА: Навивачите со Ѓоковиќ во Белград! (ФОТО)

facebook.com/pg/djokovicofficial/

Најдобриот српски и светски тенисер Новак Ѓоковиќ е во Белград. После поразот во четвртото коло на УС Опен поради повреда на рамото замина на мал одмор, а потоа дојде во Србија. Се очекува во Беллград да престојува помеѓу седум и 10 дена.

Не е познато колку долго ќе паузира, и Ѓоковиќ и неговиот тим се надеваат дека нема да отсуствува како тогаш кога го повреда лактот и дека овојпат нема да мора да оди на операција.

Засега се знае дека Ѓоковиќ во Белград ќе биде во кругот на семејството, а неизвесно е дали воопшто и ќе тренира. Од УС Опен само еднаш се огласи на социјалните мрежи и тоа кога ја прокоментираше својата здравствена состојба.

Во текот на викендот, Ѓоковиќ беше виден во прошетката низ Белград, а неколку негови навивачи се сликаа со него и ги споделија фотографиите на социјалните мрежи.

Наредниот турнир на кој српскиот тенисер би требало да игра е натпреварувањето од Серија 500 во Токио кој започнува на 30 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот