Реструктурирања во „Нисан мотор“, се затвора фабриката во Барселона

Ваквата одлука ќе ја чини компанијата околу милијарда евра, соопшти владата во Шпанија, тврдејќи дека инвестирањето во фабриката на „Нисан” ќе биде поевтина алтернатива.

Околу 3.000 работни места ќе бидат затворени откако јапонски „Нисан мотор” одлучи да ја затвори својата фабрика во Барселона.

Ваквата одлука ќе ја чини компанијата околу милијарда евра, соопшти владата во Шпанија, тврдејќи дека инвестирањето во фабриката на „Нисан” ќе биде поевтина алтернатива.

Тие го повикаа јапонскиот производител да разгледа други опции. Во јануари, по разговорите со водачите на Рено и Нисан, Владата објави дека работното место во фабриката е „загарантирано”.

Во фабриката на Нисан во Барселона работат околу 2.400 работници и околу 600 во сродни погони. Тоа е главната фабрика на Нисан во Европа, по онаа во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот