Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи од Тетово прогласен за најдобар во светот

Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи од Тетово вчера беше избран за најдобар ресторан во светот/ Фото: Фејсбук

Ресторанот „Нома“ на Рене Реџепи од Тетово кој се наоѓа во Копенхаген, вчера беше избран за најдобар ресторан, односно беше прв меѓу 50 најдобри во светот. Настанот се одржа во Антверпен каде што започна на 3 октомври, а заврши синоќа со големото финале и победата на Реџепи.

На официјалната страница на наградениот ресторан е објавено видео од прославата по победата. Честитки за Рене  упати и министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот фејсбук профил.

-Неспорно заслужено признание кое се повторува во континуитет, успех на кој и сите ние во Северна Македонија се гордееме, напиша Османи.

Рене Реџепи e еден од најистакнатите готвачи на светот. Роден е во Копенхаген, a потекнува од тетовското село Џепчиште. Голем дел од детството го поминал во ова село. Овие македонски искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот