Рестораните во Дубаи нудат попусти за гостите кои се вакцинирани против коронавирус

Ресторан / Фото: EPA-EFE/MAHMOUD KHALED

Рестораните во Дубаи почнаа да нудат попусти на гостите кои се вакцинирани против коронавирус, настојувајќи на тој начин да придонесат на борбата против пандемијата на коронавирусот, а притоа да не се применуваат мерките за затворање.

Три ресторани кои ги води групацијата „Gates Hospitality“ нудат попуст од 10 отсто на сите гости кои ја примиле првата доза од вакцината и 20 отсто на оние кои ги примиле двете. За да можат да го користат попустот, гостите мораат да покажат доказ за тоа дека се вакцинирале, односно докторска потврда, пишува порталот Медикал Експрес.

Иако многу луѓе го поддржаа тој потег на рестораните, сепак тој предизвика бројни расправи на социјалните мрежи.

„Дали е тоа уште еден маркетиншки трик или вистински мотив да се вакцинираат што повеќе луѓе?“, пишува на еден твит.

Обединетите Арапски Емирати објавија дека досега вакцинирале околу 2.5 милиони од околу 10 милиони свои жители, по што се втори во свет после Израел.

Дубаи и понатаму е отворен за туристи

ОАЕ со масовната вакцинација започна во декември, кога властите ја одобрија вакцината на кинеската компанија Синофарм и на американската Фајзер со германскиот партнер Бионтек, а веќе вакцинираа 2.5 милиони луѓе.

Здравствените власти во Дубаи оваа недела известија дека ќе мора да го намалат темпото на вакцинирање бидејќи Фајзер најави одложување на пратки поради проблеми во фабриката во Белгија. Кинеската вакцина на Синофарм и понатаму е достапна.

Дубаи и покрај порастот на новозаразени после Новата година, и понатаму е отворен за туристи, а рестораните работат со правила за придржување на физичка дистанца.

За време на викендот мерките се заострија, па на рестораните и кафулињата им било наредено растојанието меѓу масите да го зголемат од два на три метри.

Во неделата властите известија за 3.579 нови случаи на зараза со ковид-19, што е нов највисок број тринаесетти ден по ред. Досега се евидентирани над 277.000 заразени, а 792 лица починаа.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот