Ресторани почнаа да нудат попуст на вакцинираните: По 10 до 20 отсто во зависност од дозата

Рестораните, хотелите и продавниците во Дубаи се отворени. За туристите повторно се отворени и границите, се со цел да заживее овој важен сектор во економијата.

Три ресторани во Дубаи нудат попуст на гостите кои се вакцинирани против коронавирусот, објавуваат социјалните мрежи пренесува Б92.

„Прва доза: 10 отсто попуст. Втора доза: 20 отсто попуст“, објавиле три ресторани на Фејсбук и Инстаграм, прецизирајќи дека за тоа ќе биде потребен „доказ“ како лекарска потврда.

Веста е објавена во моментот кога емиратот ја забавува вакцинацијата поради доцнењето во испораката на вакцините на Фајзер/ Бионтек.

Дубаи, еден од седумте емирати кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати, во средината на декември започна кампања за вакцинирање по одобрувањето на кинеските вакцини Синофарм и американско-германската Фајзер/Бионтек.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот